|
1.4 MB
Скопје кале Тврдина
Тврдината Кале е сместена на висок рид над градот Скопје со поглед на реката Вардар и била од стратешко значење за овој значаен град со векови. Како највисока точка во градот, калето одсекогаш било ценето од локалното население. Населби на тоа место постоеле и пред да се изградат ѕидови. Најраните познати жители на местото живееле во Неолитот и раното Бронзено доба, 4,000 години п.н.е. Тврдината што ја гледаме денес е изградена најпрвин во Византиско време (6-ти век), со камени ѕидови со должина од 121 метар. Според археолозите, камените блокови од кои е изградена тврдината биле земени од изрушениот град Скупи.
Заради стратешката локација на местото, тврдината била градена, рушена и преградувана многу пати од страна на разни освојувачи. По скопскиот земјотрес во 1963 кружните и квадратните кули на тврдината биле конзервирани и реставрирани.
Кале е едно од најпопуларните места за посета во Скопје. Тврдината нуди прекрасен поглед на градот како и можност да се дојде до стариот турски дел од градот за неколку минути. Во лето тука се одржуваат концерти и театарски претстави.
|
|
|
|