|
1.6 MB
Кањон Матка
Кањонот Матка зафаќа површина од околу 5.000 ха и се наоѓа 15 км југозападно од Скопје. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните форми - десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропаста со длабочина до 35 метри. Матка претставува еден од најголемите рефугијални центри за време на глацијалниот период, што придонело денес на овој простор да се сретнат голем број реликтни и ендемични растенија и животни. . Од вкупниот број на 1000 растенија 20 % се ендемити или реликти. Од терциерните реликти, позначајни се кошаниновата темјанушка (Viola kosaninii) и наталиевата рамонда (Ramonda nathaliae). На локалитетот Матка се откриени 2 нови видови на вистински пајаци и 5 лажни скорпии. Во кањонот се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперуди. Значајно е да се напомене и тоа дека во кањонот Матка се среќаваат 77 видови на балканско ендемични мали пеперутки, а уште 18 други видови се нови за науката.
|
|
|
|