English



Скопје
Битола
Ресен (Преспа)
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица
Крушево
Радовиш
Прилеп
Дебар
Штип
Стоби
Виница
Маврово
Берово

Торонто

360 Македонска продавница, дуќан, сувенири, скулптури...
Скулптури (Лиен Камен)
Сувенири
Привезоци


Почетна > Стоби и околија > Стоби - подниот мозаик - антички град Испрати на својот пријател

2.9 MB

Стоби - подниот мозаик - антички град


Градот Стоби се развил од мала Пајонска населба со длабоки корени уште од архајскиот период, на површината од околу 2,5 хектари, лоцирана на северниот дел од ридестата тераса. Ваквата позиција на утока на реката Црна во Вардар, во плодниот регион на Средното Повардарје, а недалеку од златоносните лежишта на планината Кожув, му овозможила на градот голем напредок особено во мирнодобски услови низ 1 и 2 век. Во прилог на тоа одела и близината на планината Клепа, поточно нејзините источни и јужни падини, богати со лежишта на суво - бел и розов мермер. Но, изгледа домашниот - пајонски етнички елемент бил особено силен и компактен, така што населената заедница граѓани со римско граѓанско право не успеала да се избори за колонијален статус. Тоа секако не пречело во градската агломерација, голема околу 20 хектари, да бидат издигнати сите вообичаени јавни градби што ги имал античкиот град на Римското Царство: театар и терми, аквадукт, храмови, судници итн.

Во времето на владеење на императорот Октавијан Август (31 п.н.е. - 14 н.е.), Стоби најпрвин добил ранг на oppidium civium Romanorum, а нешто подоцна municipium. На реверсот на монетите исковани во Стоби стои испишано – municipium Stobensium.






Privacy Policy | Почетна | Соновник | Хороскоп | 360 Дуќан | Коментари | Контакт
© 2006 - 2013 Сите права се задржани 360Macedonia.com
Design & Hosting - nakka.ca