Колешки Водопади - Струмица
Колешкиот водопад кој се наоѓа на планината Беласица, еден од ретките во Македонија, восхитува во секое годишно време - лете ќе ве освежи, а зиме ќе ве зачуди со својата замрзната убавина! Сега, до него може да се стигне лесно и брзо, благодарение на патеката што ја изградија жителите на селото Колешино.
Селото Колешино се наоѓа во близината на Ново Село, Струмичко. До него води асфалтен пат, преку Ново Село.
|