|
1.9 MB
Тоше Проески (Тодор) - IN MEMORIAM !!! 1981 - 2007
Тодор «Тоше» Проески (25 јануари 1981–16 октомври 2007) беше најпопуларниот пејач во Република Македонија и една од најголемите ѕвезди на Балканската музичка сцена, кадешто е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Во 1999 година го издава својот деби-албум "Некаде во ноќта" кој содржи единаесет песни. Летото истата година, Тоше го оддржува својот прв концерт, кој, и покрај дождот и лошото време, останува незаборавен за неговите обожаватели.
Со цел да го подобри своето пеење, Тоше оди на часови кај маестро Вилијам Рајли во Њу Јорк кој вo својата кариера е и учител на Лучијано Павароти. По враќањето, Тоше одржува низа хуманитарни концерти низ Македонија. Ја добива Хуманитарната нaграда Мајка Тереза а во 2003 година станува регионален УНИЦЕФ амбасадор.
Следната година МРТВ го избира Тоше за претставник на Евровизискиот настап кој се оддржува во Истанбул, Турција. Тоше го освојува 14тото место со песната "Life", англиската верзија на “Ангел си ти”. Пред изборот, станува омилена личност меѓу репортерите, преку демонстрација на неговите инзворенди оперски квалитети на прес-конференциите.
Во 2004 година, именуван е за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја снима песната За овој свет која има и англиска верзија - This World и која станува химна на УНИЦЕФ.
Неговиот последен концерт (уште еден во низата хуманитарни концерти) оддржан на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје беше посветен на ревитализација на Македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители.
Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб - 17 октомври - е прогласен за Ден на Национална Жалост.
|
|
|
|