English



Скопје
Битола
Ресен (Преспа)
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица
Крушево
Радовиш
Прилеп
Дебар
Штип
Стоби
Виница
Маврово
Берово

Торонто

360 Македонска продавница, дуќан, сувенири, скулптури...
Скулптури (Лиен Камен)
Сувенири
Привезоци


Почетна > >>Св. Наум и околија > Манастир Св. Наум, Охрид Испрати на својот пријател


Манастир Св. Наум, Охрид


Археолошките истражувања што беа вршени во 1955 година дадоа нови сознанија за Наумовата црква на Светите Архангели Михаил и Гаврил (на 29 км од Охрид, во близина на македонско - албанската граница, на брегот на Охридското Езеро). Првобитната црква, како своја задужбина во 900 година, ја изградил св. Наум Охридски, современик и соработник на св. Климент Охридски и ученик на браќата Кирил и Методиј, кој во 910 година овде бил погребан. Наумовиот манастир и црквата Свети Архангели, како и Климентовиот манастир и црквата Свети Пантелејмон во Охрид се првите споменици на словенската црковна архитектура и уметност во охридскиот крај. Градена со основа во облик на триконхос (лист на детелина) Наумовата црква му припаѓала на оној правец во средновековната архитектура кој бил применуван во периодот кога дејствувале св. Климент и св. Наум на денешната територија на Република Македонија, а и пошироко на подрачјето на Балканот. По откривањето на остатоците од првобитната црква, што била изградена во IX век, проф. Димче Коцо во 1955 година ја расветли загатката на Наумовиот манастир. Првобитната црква во турскиот период била урната. Ископувањата овозможија да се дознаат интересни податоци за доградувањата и преградувањата во текот на изминатите векови. Утврдено е дека промените во изминатиот период биле од таков карактер што наполно го измениле изгледот на Наумовата црква. Остатоците од првобитната црква, по археолошките ископувања и извршената конзервација, повторно беа затрупани. Над нив е направен нов под, на кој основата на првобитната Наумова црква е означена со црн и бел мермер. Врз темелите на првобитната црква, меѓу XVI и XVII век, била изградена денешната црква, доградувана и проширувана во неколку фази. Во втората половина на XVIII век била изградена куполата над припратата на црквата, а последното значајно обновување било извршено кон крајот на XVIII век, односно во 1799 година, кога бил изграден гробот во Наумовата црква. Во црквата не се сочувани најстарите фрески од времето на Наум Охридски. И археолошките истражувања не потврдија дека постоело сликарство во почетокот на X век. Целокупната ѕидна декорација, со исклучок на некои фрагменти на фрески од XVI - XVII век, откриени во 1962 година, била изведена од зографот Трпо од Корча (Албанија) меѓу 1800 и 1806 година. Тоа е живописот во централниот дел на црквата, во припратата и во просторот каде што се наоѓа Наумовиот гроб. Во гробниот параклис над Наумовиот гроб е прикажана композицијата на Наумовото успение. Меѓу фигурите што се насликани над Наумовиот одар, покрај словенските просветители Кирил и Методиј, се прикажани и нивните ученици Климент, Горазд, Ангелариј и Сава. Над Наумовиот одар, пак е насликана уште една фигура. Тоа е ликот на млад ѓакон, без брада и мустаќи. Според укажувањата на историчарот на уметност д-р Цветан Грозданов, прикажан е ликот на Лаврентиј, уште еден од учениците на словенските просветители Кирил и Методиј. Исклучителна уметничка вредност има иконостасот во централниот дел на црквата, работен во плитка, стилизирана резба во дрво. Бил завршен во 1711 година, истовремено кога настанале и иконите, кои се дело на зографот Константин еромонах, што инаку е забележано во долниот дел на престолната икона "Исус Христос". На столбовите во припратата на Наумовата црква се наоѓаат два кирилски и еден глаголско-кирилски натпис, графити од крајот на X и XII век. Овие натписи, оставени од духовни лица, се значајни документи за најстарите словенски писма - глаголицата и кирилицата во охридскиот крај.






Privacy Policy | Почетна | Соновник | Хороскоп | 360 Дуќан | Коментари | Контакт
© 2006 - 2013 Сите права се задржани 360Macedonia.com
Design & Hosting - nakka.ca