English



Скопје
Битола
Ресен (Преспа)
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица
Крушево
Радовиш
Прилеп
Дебар
Штип
Стоби
Виница
Маврово
Берово

Торонто

360 Македонска продавница, дуќан, сувенири, скулптури...
Скулптури (Лиен Камен)
Сувенири
Привезоци


Испрати на својот пријател

|Овен|Бик|Близнаци|Рак|Лав|Девица|Вага|Скорпија|Стрелец|Јарец|Водолија|Риби


Машките родени во знакот на близнаци е племенит по душа и има добро тело. Неговата врата е секогаш отворена за секого на кој му треба помош. Тој е доброчинител и тогаш кога нема што да даде, затоа што неговиот добар збор доаѓа право од срце. Тој е мисловен маж, полн со дух кој истражува и лута. Многу го осудуваат, затоа што не можат да ја сватат неговата ширина и големина., особено ако го отценуваат по стекнатите материјални добра. Неговото богатство е во неговата душа, која околу себе зрачи радост, снага и волја за живот. Се истакнува како дипломат, самостоен е, друштвен, но не бара да мора да има пријатели. Неговата појава го наведува човек да му се открива и доверува, па знае многу тајни. Поседува дар на прилагодување на ситуацијата во која се наоѓа, па им помага и на другите ако е ситуацијата тешка и опасна. Воопшто, ако некому е потребна помош, во него секогаш ќе најде. Во разговор е секогаш прв, затоа што е добар говорник, свесен и итар. Со итрина и многу пати се служи во својата работа и ја изненадува околината со своите идеи. Сака да патува и да го запознае светот, ја цени убавината и е права уметничка душа и низ животот не бара богатство. Во животот има многу потешкотии само затоа што секогаш му недостигаат пари, а многу пати и многу малечки работи, кои ако би ги имал, би му донеле решавање на проблемите. Во секое друштво се осеќа како да е дома, но нигде не се врзува. Ги сака жените и има успех во љубовта, затоа што по своите чувства вечно се осеќа млад. Тактичен е и знае да управува со своите владеења и желби. Љубовта ја прима како дар на природата. Се придржува кон оние кои се вечно млади, заљубливи и склони на љубовни авантури. Ако во една авантура нема успех, брзо бара друга. Ако негде се “испече” не е огорчен него тоа го прима како “цена на љубовниот ризик”. Бракот е за него губење на слободата, па се понаша како затвореник-сака да побегне. Треба како таков да се прифати и свати. Најголемо разбирање наоѓа кај жената родена под истиот знак. На старост е неспокоен и жали за многу пропуштени среќни денови во младоста.


ЖЕНА БЛИЗНАЦИ
Жената родена во овој знак, убава е и полна со женственост. Со својата нежност и љубезност освојува све околу себе и каде и да оди, сите ја сакаат. По својата душа е уметник, природно е интелигентна и сака све што е убаво. Поради својата остроумност и блескав дух се истакнува како советник кој е секогаш добро да се послуша. Во младоста премногу живее за друштво, а се снаоѓа во секое друштво и друштвото ја обожава, но и искористува. Со себе носи љубов која се гледа и осеќа во секој нејзин потег и дел. За неа може да се рече дека е светлост која вечно зрачи. Не знае да каже не, кога нешто ја молат, иако молбата е неоправдана. Поради тоа и многу пати и се одрекува од најпотребните работи за живот. Најголем успех во животот постигнува ако се посвети на уметноста, но и во секоја нејзина работа се осеќа нејзината чувствителност. Педантна е и уредна во секоја работа, а нејзиниот дом е нејзината гордост. Многу се ангажира во работата, работата и оди од рака, но и заработката од работата исто така и заминува брзо од рака. Премногу нагла е во одлуките, кои ги анализира кога е веќе све готово. Тоа и донесува многу грижи и тешкотии. Особено мора да пази кон стапување во брак, затоа што не се мажи од идеали или младелачка љубов. Среќните броеви за личностите родени во знакот на близнаци се: 5, 6 и 8, а нивните поволни денови се среда, петок и недела. Бојата на близнаците е сива. Познати лисчости родени во овој знак се: John Kennedy, Dante, Bernard Shaw, Richard Wagner, Gerrard Phillipp.






Privacy Policy | Почетна | Соновник | Хороскоп | 360 Дуќан | Коментари | Контакт
© 2006 - 2013 Сите права се задржани 360Macedonia.com
Design & Hosting - nakka.ca