|
|
|
НАВЕДНУВАЊЕ
ако вие се наведнувате - ќе бидете понижени; ако драг се наведнува - ќе ве почитуваат.
НАВРЕДА
ако на сон ве навредат - ќе бидете пофалени.
НАГРАДА
ако ја примате - добивка, успех во работата; ако ја дахате - чувајте се од лоши луѓе.
НАДГРОБЕН ГОВОР
некој ќе ве утеши.
НАДГРОБЕН НАТПИС
ако го прочитате - загуба.
НАДГРОБЕН СПОМЕНИК
жалост.
НАДЕЖ
ако на сон се надевате на нешто - ќе изгубите пари.
НАДЗОРНИК
голема среќа.
НАДНИЦА
ако ја примате - едно лице не ја заслужува вашата накпонетост; ако ја исплаќате - добра работа.
НАДНИЧАР
ако се сонувате како надничар - работата ќе ви претставува задоволство; ако вработувате надничари - добра работа; ако ги гледате како работат - ќе бидете наклеветени.
НАДРИЛЕКАР
среќно ќе се извлечете од некоја опасност; ако ве лечи - ќе бидете оштетени поради глупост.
НАЕМНИНА
ако плаќате наемнина - доаѓаат тешки времиња.
НАЈДЕНЧЕ
ќе ве изневери некое лице кое го сакате.
НАКИТ
среќа; ако купувате накит - долгови; ако добиете накит - ќе ве намамат на нечесна работа; ако подарувате накит - среќа во работата; ако се китите со накит - размислувате за некои празни работи; ако изгубите накит - загуба; ако најдете накит - бидете штедливи.
НАКОВАЛНА
пари; ако ковате на наковална - ве очекуваат многу успеси; ако носите наковална - бескорисна, залудна работа; ако скршите наковална - голема несреќа.
НАЛОГ
ако примате налог - ќе добиете писмо што ќе ве израдува; ако давате налог - не ве сакаат поради вашите постапки.
НАМЕТКА
ако ја носите - ќе добиете пари преку посредник; ако ја држите в рака - финансиски проблеми.
НАМИГНУВАЊЕ
ќе израдувате некого.
НАОЃАЊЕ
ако најдете нешто - добивка / непријатности.
НАПАД
ако сте нападнати - грижи / внимавајте на непријателите / не мешајте се во туѓи работи; ако го одбиете нападот - грижи; ако подлегнете на нападот - попуштете додека не биде доцна.
НАПРСТОК
ве очекува напорна работа и кавга; сребрен напрс ок - среќа, среќен брак.
НАРАМЕНИЦИ
ако ги носите - доброто расположение нема да ве напушти.
НАРКОЗА
ако сонувате деке сте под наркоза - желбите нема да ви се исполнат.
НАРЦИС (ЦВЕТ)
неверство.
НАСИП
препреки; ако работите на насип - успех во работата; ко го рушите - единствено сами можете да си помогнете; акo одите по насип - доаѓаат безгрижни денови.
НАСЛЕДСТВО
ќе ве одминат некои големи грижи; ако го потрошите - освета; ако се одречете од наследство - сиромаштија.
НАСТАВНИК
вниманието на околината е насочено кон вашата работа.
НАСТИНКА
ако на сон имате настинка - желбите ви се претерани и нема да ви се исполнат.
НАТПРЕВАР
финансиска добивка.
НЕБО
бистро, сино небо - ве очекуваат поволни настани во блиска иднина; тмурно, наоблачено небо - непријатности, болест; небо со ѕвезди - богато наследство.
НЕВЕРСТВО
некој ќе ве изневери.
НЕВЕСТА
ќе основате семејство, а ако го имате, долго и среќно ќе живеете со него.
НЕВЕШТ
ако сте невешт во некоја работа - болест.
НЕВИДЛИВОСТ
ако сте невидливи - празни надевања; ако некој или
нешто е невидливо - некои настани ќе ве збунат и ќе ве вознемират.
НЕВОЛЈА
ако западнете во неволја - лесна болест.
НЕВРЕМЕ
се ќе заврши добро.
НЕДЕЛА
среќа во семејството / мирна старост.
НЕЖЕНЕТ ЧОВЕК/ЖЕНА
многу ќе се досадувате.
НЕЖНОСТ
непријатности.
НЕМ ЧОВЕК
ако видите нем човек - углед и почит; ако сте вие неми - срцева болест.
НЕМИЛОСРДНОСТ
ако сте немилосрдни - бидете повнимателни спрема околината; ако е некој немилосрден кон вас - ќе бидете ценети од околината.
НЕПРИЈАТЕЛ
омраза; ако го победите непријателот - ќе избегнете големи непријатности; ако го бакнете непријателот - ќе се смирите со некого; ако му подлегнете на непријателот - ќе изгубите добра работа.
НЕРОДНА ГОДИНА
пропаднати надежи.
НЕСВЕСТИЦА
ако некој паѓа во несвест - непознати луѓе ќе ви направат доброчинство; ако вие паднете во несвест - ќе го изгубите наследството што сте го очекувале.
НЕСЛОГА
веридба.
НЕСРЕЌА
ако доживеете несреќа - ќе најдете утеха.
НЕТРПЕЛИВОСТ
ако на сон сте нетрпеливи - најаве се препорачува да бидете поумерени.
НЕУСПЕХ
ако на сон доживеете некој неуспех - добро здравје.
НИВА
зелена нива - среќа; запуштена нива - лага; ако работите
на нива - веселба; ако гледате како други работат - ќе бидете посрамени.
НИМФА
ќе се вљубите; ако ви бега - љубовта нема да ви биде возвратена; ако ја гледате како игра - ќе имате несогласувања со лицето кое го сакате.
НИШАЛКА
несигурност / краткотрајна среќа; ако седите на нишалка - ви претстои пријатно патување.
НОВОГОДИШНА ЕЛКА
среќа во семејството.
НОВОГОДИШНИ ПОДАРОЦИ
ако гидавате - ќеја усреќите својата околина; ако ги примате - омилени сте во својата околина.
НОВОРОДЕНЧЕ
семејна среќа; ако сонувате дека имате ваше новороденче; желбата ќе ви се исполни.
НОВОСТ
ако чуете на сон некаква новост - ќе добиете вести од некоја далечна земја / промени во животот.
НОГА
ако на сон ве боли ногата - болест; ако ја изгубите ногата - ќе останете без добар пријател; акоја скршите ногата - понижување; отечена нога - загуба; тенки нозе - предавство; ранета нога - несреќа; дрвена нога - лага; ако видите нога одвоена од тело - тешка болест или смрт; убави нозе - караница; ако ги миете нозете - болест / патување. (види - ПЕТИЦА)
НОЕМВРИ
кавга со роднините.
НОЖ
одите директно во неизбежна опасност; ако најдете нож или ако го кренете од земја - никому не ги кажувајте своите намери; ако купите нож - на лесен начин ќе стекнете добивка; ако добиете нож - се наоѓате во заплеткана ситуација со многу непријатности за вас; голем нож - грижи; мал нож - кавга; 'рѓосан нож - опасност; ако острите нож - караница, која може да доведе до судски спор; ако се исечете со нож - жалост; џепно ноже - непријатности; ако се браните од нешто со нож - успехот во потфатот ви е сигурен.
НОЖИЦИ
ако ги видите - среќа; ако сечете со ножици - неочекувана добивка / не слушајте секакви совети; златни ножици - благосостојба; ако ги острите - кавги.
НОЈ
непријатности.
НОКТИ
штета.
НОС
ве очекува лесна болест; голем нос - признание и добивка; мал нос - ќе ви биде нанесена неправда; два носа - препрека; крвавење од нос - среќа; ако останете без нос - неверство, навреда.
НОСАЧ
загуба, неуспех во работата; ако ви помага - ќе добиете искрена пријателска помош.
НОСЕЊЕ
ако носите нешто - ве очекуваат тешкотии во работата, кои ќе бидат дотолку поголеми доколку е потешко она што го носите.
НОСИЛКА
несреќа; ако лежите на носилка - здравје; многу носилки - голема несреќа.
НОСОРОГ
некој ќе ве излаже.
НОТИ
остварени надежи, радост.
НОЌ
светла ноќ - долг живот / веселба; мрачна ноќ - нејасна иднина; бурна ноќ - загуба; ако лутате низ ноќ - ќе немате излез од тешкотиите / ќе ве обземе бес.
НОЌЕН ЧУВАР
чувајте се од крадци; ако го чуете како зборува - осигурајте си го имотот.
НОЌНА ПТИЦА
страв; ако лета - загуба; ако се огласи; смртен случај.
НОШНИЦА
зголемување на семејството.
НУЖДА
среќа, оздравуваље.
НУЖНИК
некој од вашето семејство не ве сака.
НУЛА
немаштија; многу нули - лажни надежи; ако пишувате
нули - неуспех; ако бришете нули - проблемот ќе биде решен.
НУРКАЊЕ
ако гледате како други нуркаат - пазете се од лаги; ако вие нуркате - остварување на целта, но со големи напори.
на почеток
|
|
|