English



Скопје
Битола
Ресен (Преспа)
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица
Крушево
Радовиш
Прилеп
Дебар
Штип
Стоби
Виница
Маврово
Берово

Торонто

360 Македонска продавница, дуќан, сувенири, скулптури...
Скулптури (Лиен Камен)
Сувенири
Привезоци


Испрати на својот пријател

АБВГДЃЕЖЗЅИЈКЛЉМНЊОПРСТЌУФХЦЧЏШ



ЦАРИНИК
непријатности; ако сте вие цариник - ќе посакате некому да се осветите; ако на сон плаќате царина - ќе имате непредвидени трошоци.

ЦВЕЌАРНИЦА
минливи незгоди.

ЦВЕЌЕ
среќа; бело цвеќе - смрт; црвено цвеќе - здравје и среќа; берење цвеќе - нови доживувања; ако садите цвеќе - ненадеен подарок; газење цвеќе - упропастени надежи; ако мирисате цвеќе - „главоболки` ; китење со цвеќе - минлива радост; ако добиете цвеќе - голема радост; ако купувате цвеќе - мала радост; свенато цвеќе - болест; китка цвеќе - среќа во љубовта; ако давате некому цвеќе - љубовта ќе ви се продлабочи.

ЦЕВКА
благосостојба.

ЦЕДЕЊЕ
ако на сон нешто цедите - сами на себе ќе си нанесете штета поради непромисленост.

ЦЕЛЕР
ако јадете целер - ќе се радувате; ако купувате целер - ќе доживеете љубовна авантура.

ЦЕМЕНТ
цврсто пријателство.

ЦЕНОВНИК
непријатни новости.

ЦИГАНИ
внимавајте на сопствената превртливост.

ЦИГАНКА
ќе ви ги откријат тајните.

ЦИГАРА
ако пушите цигара - позицијата која ја сакате нема да ја добиете; нудење цигара - дарежливоста ќе ви се исплати; ако добиете од некого цигара - имате верни пријатели; пикавец - ќе добиете подарок.

ЦИГЛА
несреќа, грижи.

ЦИКЛОН
незгоди; циклон на море - радосни настани.

ЦИМЕТ
ќе добиете подарок.

ЦИРКУС
лага, опасност; ако настапувате во циркус - ќе доживеете некоја срамота; паника во циркус - несреќен случај.

ЦРВ
ве очекува тешка работа; црви во телото - пазете се од непријателите; ако јадете црви - внимавајте на лагите; црви во јадење - не им се препуштајте на лажните надежи.

ЦРВЕНА БОЈА
среќа во љубовта.

ЦРЕВА
наследство.

ЦРЕПКА
ако на сон видите црепка што паѓа од покрив - очекувајте добивка или наследство; ако видите скршена црепка - солзи.

ЦРЕША
добра иднина; ако берете цреши - љубовна авантура; ако јадете цреши - пријатни моменти, но наскоро ве очекуваат и расправии; кисели цреши - чезнеете по недопирливи цели; слатки цреши - добри вести; црвени цреши - задоволство и среќа со децата; семки од цреши - некој нешто ќе ви украде.

ЦРКВА
ако видите црква - озборување; ако ѕидате црква - добивка; ако влегувате во црква - грижи, лоши вести; ако се молите во црква - желбата ќе ви се исполни; црква од друга вера - пат во странство.

ЦРН ДРОБ
внимавајте на здравјето; црн дроб од птица - среќа; црн дроб од говедо - лаги; колбас од црн дроб - ќе ви се случи некаква штета; ако јадете црн дроб - некој ќе ви откаже пријателство.

ЦРН ПИПЕР
непријатна вистина.

ЦРНА БОЈА
тага, жалост поради настан кој ќе се случи.

ЦРНЕЦ
залуден труд.

ЦРТА
неостварена желба.

ЦРТАЊЕ
среќа и успех на работа.



на почеток






Privacy Policy | Почетна | Соновник | Хороскоп | | 360 Дуќан | Коментари | Контакт
© 2006 - 2013 Сите права се задржани 360Macedonia.com
Design & Hosting - nakka.ca