English



Скопје
Битола
Ресен (Преспа)
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица
Крушево
Радовиш
Прилеп
Дебар
Штип
Стоби
Виница
Маврово
Берово

Торонто

360 Македонска продавница, дуќан, сувенири, скулптури...
Скулптури (Лиен Камен)
Сувенири
Привезоци


Испрати на својот пријател

АБВГДЃЕЖЗЅИЈКЛЉМНЊОПРСТЌУФХЦЧЏШ



РАБОТА
ако на сон барате работа - ќе имате успех во работата.

РАБОТЕЊЕ
успех; ако гледате други како работат - некој потфат нема да ви успее; ако работите ноќе - добра заработувачка.

РАБОТИЛНИЦА
добра заработувачка.

РАБОТНА МАСА
ќе се задолжите.

РАБОТНА ОБЛЕКА
пред вас е некаква задача и не двоумете се даја прифатите.

РАДОСТ
ако на сон почувствувате радост - ќе добиете признание за своите напори.

РАЖЕН
добивка, подарок; ако печете месо на ражен - со многу пот ќе си го заработите лебот.

РАЗБОЈ
ве очекува напорна работа, која ќе ја завршите со успех и задоволство.

РАЗБОЈНИК
некој лош пријател ќе сака да живее на ваша сметка; ако ве фатат разбојници - загуба.

РАЗВРАТ
ако сте развратни - бес; ако гледате разврат - чезнеење.

РАЗГЛЕДНИЦА
некој радо се сеќава на вас.

РАЗГОВОР
ако на сон разговарате со некого - омилени сте во својата околина; ако не се сеќавате што сте разговарале - ве чекаат лоши времиња; ако разговарате со животни - јад и грижи.

РАЗДЕЛБА
неочекувана средба / добивка во игрите на среќа.

РАЗДОР
сами себе сте си непријател.

РАЗМИСЛУВАЊЕ
ви стојат многу препреки на патот до успехот.

РАЈ
сте направиле некоја грешка која скапо ќе ве чини / ќе бидете заштитени.

РАК
ќе се најдете во друштво со лажни пријатели; ако јадете рак - среќа во сите потфати.

РАК (БОЛЕСТ)
добро здравје.

РАКА
ќе работите некаде бесплатно; сува рака - немоќ и болест; исечена рака - непријатности од сите страни; ако видите рака одвоена од тело - тешка болест или смрт. (види - ПАЛЕЦ, ПРСТ).

РАКАВИЦИ
покана за гозба; ако ги изгубите - сте направиле грешка која ќе предизвика големи непријатности; ако носите ракавици - успех и углед во друштвото.

РАКЕТА
ако оди нагоре - имате добри идеи и потрудете се да ги остварите.

РАКИЈА
ќе ви се исполнат некои желби и надежи; ако печете ракија - успех во домот; ако пиете ракија - добри и радосни вести; ако ја продавате - караница.

РАКОПИС
убав ракопис - напредување во службата; грд ракопис - неуспех поради споствена невнимателност; ако читате туѓ ракопис - новости.

РАКОТВОРБА
ви претстои многу работа.

РАМКА
несреќа; скршена рамка - ослободување од затвор.

РАМНИНА
смирување; ако живеете на рамнина - трајна среќа.

РАНА
ако имате рана - ќе се исплашите; ак ја преврзувате - ќе ви возвратат со неблагодарност; ако ја видите на друг - ќе се извлечете од непријатности; ако преврзувате туѓа рана - среќа; мала рана од остар предмет - наскоро ќе го сретнете оној што ви направил нешто лошо.

РАНЕЦ
подолго патување.

РАРИТЕТ
ако видите некој раритет или ако поседувате - ве обземаат непотребни грижи.

РАСКРСНИЦА
посоветувајте се со пријателите.

РАСПАРУВАЊЕ
ако нешто распарувате на сон - некоја караница ќе се заврши.

РАСПРАВИЈА
пријатен разговор со пријателите.

РАСПРОДАЖБА
ќе изгубите некој спор.

'РЃА
несогласувања, кавги.

РЕБРО
скршено ребро - нехому ќе направите добро дело.

РЕВОЛВЕР
ќе ги победите противниците.

РЕЗБА
ќе мора да се задоволите со мала добивка.

РЕЗЕДА (БОЈА)
среќа во љубовта.

РЕЗЕРВОАР
опасност, незгода, непријатни настани.

РЕКА
сигурна работа; матна река - грижи, непријатности; ако паднете во река - кавги, недоразбирања / ќе го изгубите спорот; ако ја препливате реката - благосостојба, но само со вредна работа.

РЕМЕН
углед и чест.

РЕН (КОРЕН)
ситни непријатности.

РЕНДГЕН
имате нечиста совест.

РЕНДЕ
ви завидува околината.

РЕПКА
радосни новости; ако ја јадете - караница.

РЕСТОРАН
ако седите во ресторан - премногу трошите или пак имате пријатели кои многу трошат.

РЕУМА
ќе чуете невистинити работи.

РЕШЕТКА
ако се видите себеси зад решетка - опасно патување; ако гледате низ прозорец со решетки или ако видите други луѓе затворени зад решетки - бидете добри со луѓето.

РИБА
многу риби на површината на водата - среќа и изобилство; риби на дното - голема опасност; ако ловите риби - радост; ако ги ловите со раце - разочарување; ако гледате како други ловат риби - предавство, загуба; мали риби - непријатни настани; големи риби - важен настан / штета; мртви риби - озборување; ако голтнете коска од риба - ќе мора да совладате некои препреки; лов во матно - неуспех и жалост; ако јадете риби - среќата cи ja ставате на коцка.

РИБАР
чувајте се од лажните пријатели.

РИБИЗЛА
ако берете рибизли - по дожд доаѓа сонце; ако јадете рибизли - остварување на љубовните желби.

РИБИНО МАСЛО
ако го мирисате - непријатни новости; ако го пиете - непријатни настани.

РИБНИК
се подготвува неко зло; ако се капите во рибник - ќе влезете во лошо друштво.

РИБОЛОВ
види - ЛОВ, ПОДВОДЕН РИБОЛОВ, РИБА.

РИД
качување на рид - грижи; симнување од рид - желбите нема да ви се исполнат; ако го гледате ридот во далечина - залудна надеж; голем рид - голема чест; мал рид - некој ве озборува; стрмен рид - не потпирајте се врз други; каменит рид - тешкотии на работа; зелен рид - радост; пошумен рид - подарок.

РИС
имате подмолни непријатели.

РИЦИНУСОВО МАСЛО
ќе се одделите од некои лажни пријатели.

РОБ
ако сте роб на сон - тешка работа; ако видите роб - удобен живот.

РОВ
успех во некој потфат.

РОГОВИ
ако имате рогови - ќе ве насамарат; ако видите рогови на друг - изненадување.

РОГОЗИНА
залудно се надевате.

РОДЕН ДЕН
свој роден ден - ќе дочекате длабока старост; туѓ роден ден - голема радост.

РОДИЛКА
среќа.

РОДИТЕЛИ
среќа; ако ги видите мртви - некој ќе ви помогне во неволја; болни родители - непријатни настани во блиска иднина; ако сонувате други луѓе како свои родители - некој ќе ве излаже.

РОДНИНИ
ќе имате гости / среќа во љубовта.

РОМАН
ако читате роман - среќа во љубовта; ако пишувате роман - грижи и тага.

РОСА
благосостојба / среќа во љубовта.

РОТКВИЦА
види - ТРУПКА

'РТ
успех и среќа.

РУБИН
среќа и за вас и за вашата околина.

РУДАР
ако гледате како работат рудари - непријатна посета.

РУДНИК
успех, благосостојба; ако работите во рудник - ќе посетите некоја богата куќа.

РУЖА
среќна вест; црвен ружа - искрена љубов; бела ружа - подарок од саканото лице; жолта ружа - прекин или расправија во љубовта поради љубомора; овената ружа - љубовта на партнерот кон вас слабее; ружи со многу боцки - препреки во љубовта; пупка од ружа - среќа во љубовта; ако берете ружи - свадба; гранка од ружа - радосна вест од некое драго лице; ако мирисате ружа - ќе пропуштите добра шанса; ако ја добиете за подарок - верност во љубовта.

РУЗМАРИН
ако се китите со рузмарин - жалост, тажна разделба; ако видите рузмарин - околината ќе ве цени.

РУМ
ако пиете рум - ќе имате гости.

РУНОЛИСТ
ако го берете, го најдете или се китите со него - околината ќе ве презира.

РУЧЕК
ако ручате - ќе гладувате; ако спремате ручек - беда; ако ручате во друштво - богатство.

РУШЕЊЕ
ако гледате како нешто се руши - потпрете се врз сопствените сили.



на почеток






Privacy Policy | Почетна | Соновник | Хороскоп | 360 Дуќан | Коментари | Контакт
© 2006 - 2013 Сите права се задржани 360Macedonia.com
Design & Hosting - nakka.ca