|
|
|
ДАБ
Среќен и долг живот; сув даб - болест; ако го исечете - храброст.
ДАВЕЊЕ
Ако вие се давите во вода – здравје; ако се давите во блато – незгода; ако гледате како некој се дави – некој ќе ви го загорчи животот.
ДАТУМ
Ако видите датум – губиток во куќата; ако вие напишете некој датум – паричен добиток.
ДВОБОЈ
Кавга; ако сте вие ранет во двобој - губиток.
ДВОГЛЕД
Исполнување на желбите; ако некој ве гледа низ двоглед - некој ќе ве гони.
ДВОПЕК
Добивка.
ДВОРЕЦ
Посебен издаток; ако вие го градите – здравје во фамилијата.
ДВОР
Голема чест; ако го чистите – ќе западнеш во кавга.
ДВОРСКА БУДАЛА
Ќе се посрамотиш.
ДЕБЕЛИНА
Чест; ако сонувате дебели луѓе - опасност.
ДЕВЕТ
Среќа; ако жена сонува деветка - желба за дете; ако маж сонува деветка - желба за семејство.
ДЕВОЈКА
Веселба; девојка во друштво – ново познанство; ако ја бакнеш – среќа и радост.
ДЕДО
Ќе имаш долг живот.
ДЕЗЕРТЕР
Размисли за своите намери.
ДЕЛКАЊЕ ДРВО ИЛИ КАМЕН
Задоволство.
ДЕЛФИН
Болест на некое драго лице.
ДЕТЕ
Среќа; дете што трча – ново познанство; дете во лулка - радост во семејството; дете што си игра - среќа во бракот; дете што плаче - ќе доживеете срам; ако го храните - семејни грижи.
ДЕТЕКТИВ
Штета во домот; пазете се да не ви украдат нешто.
ДЕТЕЛИНА
Среќа; поле со детелина - излез од финансиска криза.
ДИВА ПАТКА
Ќе се разочарате.
ДИВА СВИЊА
Големи непријатности во работата.
ДИВИ ЖИВОТНИ (ДИВЕЧ)
Чувај се од несреќа; ако вие ловите - среќа.
ДИВОКОЗА
Бидете претпазливи.
ДИЈАМАНТ
Чувај го она што го имаш да не го изгубиш; ако имаш дијамант – ќе настрадаш поради својата добрина; ако најдеш дијамант – големо изненадување.
ДИНАМИТ
Опасност.
ДИЊА
Ќе доживеете срамота; ако ја јадете - жалост.
ДИРЕКТОР
Исполнување на желбите.
ДОАЃАЊЕ
Ако доаѓа некој роднина - кавга; ако доаѓа пријател - голема веселба.
ДОБИВКА
Ако добиете добивка на среќа – среќа во женидба.
ДОВИКУВАЊЕ
Болест; ако чуете како ве довикуваат – имате недовршени работи.
ДОГОВАРАЊЕ
Пазете се од лаги.
ДОЕЊЕ
Радосни вести; ако видиш доилка – на вашите деца им претстои опасност.
ДОЖД
Верност; дожд со грмотевици – штета; ако дождот ве намокри - жалост.
ДОЖДОВНИК
Животна радост.
ДОИЛКА
Грижи и непријатности.
ДОЛ
Опасност; ако го преминувате – бидете внимателни; ако паднете во дол - ќе избегнете некоја опасност; дол полн со вода – болест.
ДОЛАРИ
Среќа во работата.
ДОЛГОВИ
Ќе го промените местото на живеење; ако ги исплатите - болест; ако направите долгови - кавга.
ДОЛИНА
Радост; пуста долина – грижи; ако бидеш во долина – чувај се од несреќа.
ДОМАЌИНКА
Непријатности; болна домаќинка - несреќа.
ДОМАШНИ ЖИВОТНИ
Среќа во фамилијата.
ДОМИНО (ИГРА)
Непријатности; ако сте во игра – не лажете.
ДРАГОЦЕНОСТИ
Те чека среќа.
ДРВА
Богатство; расфрлени дрва – кавга; ако собирате дрва – кавга; ако сам сечете дрва – ќе бидете почитувани; ако обработувате дрво – ќе ги совладаш непријателите; расцветано дрво – радост; зелено дрво – чест и пријателство; плодно дрво – среќа; старо дрво – брзо ќе остарееш; дрво во шума – пријател на висок положај.
>
ДРВЕНИ ЧЕВЛИ
Издржливост.
ДРВОДЕЛЕЦ
Ќе постигнеш важност со својата работа.
ДРВОРЕД
Ќе добиете помош од одговорно лице.
ДУДИНКА
Успех; ако јадеш – неочекуван добиток.
ДУКАТИ
Добро; ако добиете дукати – исполнување на плановите; ако слушате како ѕвецкаат – богатство; ако најдете дукати – ќе стекнете добри пријатели; ако плаќате со дукати – длабока старост.
ДУЊА
Чувај се од непријатели; ако берете дуњи - успех.
ДУПКА
Ќе се посрамотиш; ако паднете во дупка - болест; ако ѕиркате низ дупка - ќе доживеете срам.
ДУЌАН
Трошоци; ако влегувате во дуќан - ќе потрошите многу пари; ако го заклучувате дуќанот - деловен неуспех; aко поминувате покрај дуќан - ќе одолеете на некое искушение; ако не сакаат да ве послужат во дуќан - болест.
ДУХ
Неспокојство; ако го фатите – добиток; ако некој дух ве посети – ви претстојуваат среќни денови; духови бели – немир; шарени – штета; црн дух - смртен случај.
ДУШЕК
Богатство.
на почеток
|
|
|