|
|
|
ХАЗАРДНИ ИГРИ
ако добивате на хазардни игри - ќе изгубите некој пријател; ако губите - ќе се ослободите од нешто непријатно.
ХАРЕМ
ќе направите некоја глупост која ќе ви донесе големи непријатности.
ХАРМОНИКА
ако на сон свирите на хармоника - ќе приредите некоја свеченост; ако ја видите - ќе се вплеткате во нечесна работа; ако ја слушате - претерано се сомневате.
ХАРТИЈА
ако пишувате на хартија - некому ќе морате да му испратите непријатни вести; искината хартија - ќе доживеете неправда; хартија што лета во воздух - некои надежи нема да ви се исполнат; шарена хартија - весела вест; црна хартија - жална вест; испишана хартија - непријатности.
ХАРФА
тага; ако вие свирите на харфа - патување.
ХЕМИЧАР
ќе ве мачи некоја неизвесност / ќе откриете некоја тајна.
ХЕРМЕЛИН (КРЗНО)
богатство, благосостојба.
ХИПНОЗА
ако ве хипнотизираат - не лутете се, секоја школа се плаќа; ако вие некого хипнотизирате - не мешајте се во опасни работи; ако гледате хипнотизирање - ќе стекнете углед во својата околина.
ХИПОДРОМ
пропадната работа; ако настапувате на хиподром - пазете се од помлади лица, ќе ви го заведуваат партнерот.
ХМЕЉ
ќе имате лоши искуства.
ХОР
ако на сон слушате neeue на хор - убави и пријатни денови во друштво на пријатели.
ХОТЕЛ
болест.
ХРАБРОСТ
ако на сон покажувате храброст - некој ќе ве понижи.
ХРАМ
срушен храм - промена на работа.
ХРАНА
пазете се од себеси.
ХРАНЕЊЕ
ако на сон храните животни - очекувај добивка, благосостојба и задоволство; ако храните деца - среќа во бракот.
ХРИЗАНТЕМА
ќе добиете добра вест од некој кој е далеку од вас.
ХРЧАК
види - МРЗЛИВЕЦ
ХУСАР
ако сте вие хусар - успех во љубовта; ако видите хусар - кавга.
на почеток
|
|
|