English



Скопје
Битола
Ресен (Преспа)
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица
Крушево
Радовиш
Прилеп
Дебар
Штип
Стоби
Виница
Маврово
Берово

Торонто

360 Македонска продавница, дуќан, сувенири, скулптури...
Скулптури (Лиен Камен)
Сувенири
Привезоци


Испрати на својот пријател

АБВГДЃЕЖЗЅИЈКЛЉМНЊОПРСТЌУФХЦЧЏШ



САБЈА
углед и чест; ако ја примите како подарок - патување; ако се борите со сабја - веселба; ако носите сабја - ќе стекнете висока позиција; ако сте ранети од сабја - грижи; остра сабја - успех; тапа сабја - неуспех.

САБОТА
мирна иднина.

САДЕЊЕ
ако садите билки - добар брак; ако гледате како други садат - ќе стекнете добри пријатели.

САДНИЦИ
ќе имате добро и здраво потомство.

САДОВИ
караници во домот; скршени садови - прекин со некој пријател.

САЕМ
ќе се најдете во големо друштво, но нема да ви биде пријатно; за немажени/неженети скора свадба.

САКАТОСТ
ако видите сакат човек - пријателите ќе ви помогнат во неволја; ако се сонувате себеси сакати - тешкотии.

САЛА
добри односи со околината; ако има игранка во салата - интересен живот.

САЛАМА
ако јадете салама - здравје и веселба / кавга со некое драго лице; ако видите салама - незгоди на патување.

САЛАТА
чинија со салата - нема да ја дочекате посетата на која и се радувате; ако садите салата - претераната храброст ќе ви наштети; ако јадете салата - болест која брзо ќе помине; ако дробите салата - повреда.

САЛАШ
благосостојба.

САМЕЦ
ако се чувствувате осамени или се сонувате како самец - жалост, а можеби и препирка со близок човек.

САМОВАР
пријатна посета.

САМОВИЛА
ако игра - голема среќа во блиска иднина; ако ве обиколат самовили - лажни надежи.

САМОВОЛИЕ
ако се однесувате самоволно - неуспех; ако е некој друг самоволен - ќе имате помош од пријателите.

САМОУБИСТВО
ако извршите самоубиство - непријатности за кои ќе бидете сами виновни; ако видите самоубиец - тешко ќе се извлечете од многу непријатна ситуација.

САМРАК
вардете се од пријателите, некој од нив ќе ве издаде.

САНАТОРИУМ
ќе заминете на пат поради опоравување.

САНДАК
полн сандак - ќе ви биде доверена некоја тајна; празен сандак - грижи и кавги; ако носите сандак - доаѓаат тешки времиња; сандак со леш - види МРТОВЕЧКИ САНДАК.

САНДАЛИ
во вашата околина ве сметаат за чудни.

САНКА
-ќе се најдете во друштво во кое нема да бидете задоволни; ако се возите на санка по снежна виулица - непријатно изненадување.

САПУН
здравје; ако купувате сапун - ќе ја средите домашната ситуација.

САРДИНА
успех во работата; ако јадете сардина - караница.

САРМА
ако јадете сарма - долго ќе живеете.

САТИР
склоноста кон разврат ќе ви приреди горки моменти.

САФИР
озборување.

СВАДБА
ако присуствувате на свадба - за оние во брак задоволство со децата, за другите брак; ако играте на свадба - чувајте се од спротивниот пол; ако гледате свадба - пречки во животот; ако договарате свадба - домашни нервоэи.

СВАДБЕНО ПАТУВАЊЕ
краткотрајна среќа.

СВЕТЕЦ
жалосна вест / ве очекува кумство.

СВЕТИЛКА
запалена светилка - добар знак; светилка на брод, воз или друго превозно средство - имате верни и искрени пријатели; ако палите светилка - ќе излезете како победник од некоја сплетка; ако гасите светилка - не мешајте се во туѓи работи; ако е запалена и силно свети - среќа и радост во љубовта; светилка на масло - ќе се вљубите.

СВЕТИЛНИК
посоветувајте се со пријателите за да избегнете некоја опасност / ве очекуваат големи непријатности.

СВЕТЛИНА
среќа, успех во работата.

СВЕЌА
ако гори - покана за свеченост; ако палите свеќа - ќе најдете добри пријатели; ако гаснете свеќа - неисполнети надежи; ако носите запалена свеќа - среќа; ако се изгасне самата - смрт; ако купувате свеќа - жалост; замрзната свеќа - ќе престанете да сакате некого / разочраување во љубовта.

СВЕЧЕНОСТ
ако на сон присуствувате на некоја свеченост - ќе стекнете пријателство и доверба.

СВЕШТЕНИК
ќе ви земат пари на нечесен начин; ако сте вие свештеник - ќе имате голема чест; еден свештеник - непријатност; повеќе свештеници - откажете се од своите намери; свештеник во црно - несреќа; свештеник во бело - голема несреќа и жалост, а може да значи и смрт во семејството.

СВЕШТЕНИЦА
некој ќе ви умре; свештеница облечена во светла облека - ќе се разжалостите; ако и принесувате жртва - ќе доживеете олеснување во неволјата.

СВИЛА
ако купувате свила - ќе го изневерите саканото лице; ако сте облечени во свила - ќе си наштетите самите себеси во својата злоба.

СВИЛЕНА БУБА
ако чувате свилена буба - успех во трговијата; ако видите свилена буба - верни пријатели стојат зад вас.

СВИНСКА МАСТ
ќе живеете удобен живот, но само ако бидете штедливи.

СВИЊА
среќа, корист; ако храните свиња или ако гледате како ја хранат - успех во работата, веселба; ако убиете свиња - ќе се ослободите од некои непријатности; свиња во кал - ќе живеете неуреден живот; дива свиња - ви се заканува опасност; многу свињи - сплетки и непријатности; ако јадете свинско месо - лесен живот; ако го подготвувате - неизвесна иднина; ако јадете сирово свинско месо - ќе бидете посрамени; свиња со прасиња - голема добивка.

СВИЊАР
ќе склопите добар брак; ако се сонувате како свињар - голем напредок во службата.

СВИРАЧ
некоја желба ќе ви биде исполнета.

СВОД
некој ќе ви помогне во неволја.

СВРАКА
ако лета - лоши вести, кражба; ако стои - убав и пријатен ден.

СВРДЕЛ
несреќа, болест, смртен случај.

СВРШЕНИК/СВРШЕНИЧКА
жалост, дури и смрт / радосен настан.

СВРШУВАЧКА
добри новости, брак во блиска иднина.

СЕДЕФ
опасност.

СЕДЛО
ќе наидете на разбирање за својата работа; ако седите на седло - успех; ако паднете од седло - среќа во игри.

СЕДУМ (БРОЈ)
среќа.

CEEЊЕ
благосостојба, ќе добиете награда за трудот.

СЕЈАЧ
соседите ќе ви помогнат во неволја.

СЕКИРА
опасност која тешко ќе ја избегнете; ако сечете дрва со секира - кавга со саканото лице; ако мафтате со секира - ќе дојде до пресврт во вашиот живот.

СЕЛАНЕЦ
среќа; ако ора - корист; ако коси - задоволство; ако разговарате со него спокојство и среќа; ако ве излаже - ќе ве исмејат; акоденгуби - ќедоживеете разочарување; ако тргувате со селанец - долг живот; ако се возите на кола со селанец - ви претстои добивка.

СЕЛАНКА
среќа; ако работи - бидете штедливи.

СЕЛИДБА
промена на работното место.

СЕЛО
ќе уживате на некоја игранка; село во пламен - ќе заминете на далечен пат; ако се наоѓате сред село - ви претстои кратко патување; селска гостилница - скромна среќа.

СЕЛСКА КОЛА
голема среќа.

СЕЛСКА ОБЛЕКА (НОСИЈА)
ќе добиете пофалба или одликување.

СЕЛСКИ ИМОТ
благосостојба и задоволство во семејството.

СЕЛСКИ СВИРАЧ
зголемување на семејството.

СЕМЕ
ако сеете семе - ќе се занесувате со нови планови; ако купувате семе - работата ќе ви цвета; ако видите семе во вреќа - свршувачка; ако гледате како го јадат птици - загуба; зелено семе - подарок.

СЕМЕЈСТВО
ако на сон основате семејство - ќе се впуштите во некој нов потфат; ако го сонувате своето семејство - ви претстои важен настан; ако го видите целото семејство на куп - ве очекуваат непотревни компликации; ако водите пријатен разговор во семеен круг - радосно расположение.

СЕМИНАР
ако на сон учествувате на некаков семинар - некој ќе се обиде да ве излаже.

СЕМКА
цела семка - добивка; скршена семка - загуба; многу семки - на животниот пат ќе ви искрснат некои пречки.

СЕНДВИЧ
ќе ве поканат на сиромашна гозба.

СЕНИЦА (ПТИЦА)
смирување, задоволство во семејството.

СЕНКА
својата сенка - големи тешкотии, страв, болест; туѓа сенка - неизвесност; ако одите во сенка - ќе се ослободите од некои незгодни пријатели.

СЕНО
добри новости - сено во пламен - ќе си го расфрлите имотот; ако лежите во сено - задоволство; пласт сено - благосостојба; ако собирате сено - беда.

СЕПТЕМВРИ
безгрижна старост.

СЕСТРА
помош во тешка ситуација; болна сестра - оздравување; ако сонувате возрасна сестра како мало дете - спор и наследство.

СЕЧЕЊЕ
платно - веселба; хартија - лажни ветувања; ако не можете нешто да пресечете - грижи поради долгови.

СИДРО
непријатно патување; ако фрлате сидро - ќе ви се остварат некои желби и надежи, но после многу перипетии; скршено сидро - непријатности.

СИЛУВАЊЕ
ако извршите силување - загуба; ако гледате силување - несреќа.

СИМНУВАЊЕ
непријатности.

СИН
ако сонувате свадба на синот - болест; ако се карате со синот - неисполнети желби; ако се тепате со синот - кавга; ако го сонувате својот син како мртов - веселба во домот; ако на сон добиете син - среќа; ако го изгубите синот - штета.

СИНЏИР
олободете се од минатото и свртете се кон иднината; железен синцир - осаменост / здравје; златен синџир - свадба во семејството; ако сте оковани - некој потфат нема да ви успее; ако се ослободите - само со употреба на сила ќе успеете; скршен синцир - ќе постигнете успех, но само со сопствени сили.

СИПАНИЦИ
без разлика дали се на вас или на некој друг - ќе добиете пари.

СИРАЧЕ
ако видите сираче - ќе помогнете на некој од вашата околина; ако сте вие сираче - макотрпен живот.

СИРЕНА (МИТОЛОШКА)
голема опасност.

СИРЕНА (УРЕД ЗА СИГНАЛИ)
ако чуете сирена - среќно ќе избегнете некоја опасност.

СИРЕЊЕ
свежо сирење - здравје; ако смрди - болест; ако сечете сирење - операција; акојадете сирење - добро здравје; ако купувате сирење - среќа во љубовта.

СИРОМАВ
ако видите сиромав човек - караници; ако сте сиромав - благосостојба; ако осиромашите - веселба.

СИРУП
ако пиете сируп - покрај вас има многу ласкави луѓе.

СИТО
ако видите или користите сито - залуден труд кој нема да вроди никаков плод.

СИТОСТ
ако сте сити - крајна беда; ако се другите сити, а вие гладни - среќа во несреќа.

СКАЗНА
ако слушате сказна - успех; ако раскажувате сказна - внимавајте што зборувате.

СКАКУЛЕЦ
имате лажни пријатели, грижи.

СКАЛА
не пропуштајтеја поволната прилика; ако паѓате од скала - внимавајте на својата злобност; ако се качувате на скала - признание; ако се симнувате од скала - неблагодарност; скала потпрена на ѕид; љубовна авантура; скала потпрена на прозорец - чувајте се од крадци.

СКАЛИЛА
ако се симнувате по скалила - ќе страдате; ако паѓате по скалила - пропаст или болест.

СКАПОТИЈА
немирни времиња, немаштија.

СКАПОЦЕНИ КАМЕЊА
луѓето ви завидуваат; ако сте накитени со скапоцени камења - бидете поскромни.

СКАРА
вжарена скара - болест; студена скара - опасност од повреда; ако печете месо на скара - пријатно друштво.

СКЕЛЕ
внимателно пристапете кон работата; ако паѓа - потпрете се врз сопствените сили; ако стоите на скеле - ви се заканува опасност.

СКИЈАЊЕ
брз успех.

СКИТНИК
непостојана среќа; ако сте скитник - вашата мрзеливост ќе ви нанесе штета; ако пружите преноќиште на с китник - ќе ве излажат; ако избркате скитник - сами ќе си ја уништите среќата.

СКЛАДИШТЕ
празно складиште - новости; полно складиште - големо патување.

СКОКАЊЕ
преку јаже - лесна болест и добро оздравување.

СКОРПИЈА
озборување.

СКРЖАВОСТ
ако на сон сте скржави - неуспех во работата; ако е некој друг скржав - ќе чуете непријатни вести.

СКРИВНИЦА
посета; ако барате скривница - ќе ви се случи нешто многу непријатно; ако живеете во скривница - ќе доживеете срам и штета поради лошо однесување.

СЛАВА
ако на сон сте славни - ќе имате работа со власта.

СЛАВЕЈ
ако пее - среќа во љубовта; ако лета високо - успех во работата, добивка; фатен или убиен славеј - загуба, неволја; гнездо на славеј - корист; ако земетејајца од гнездо на славеј - ќе бидете посрамени.

СЛАДОЛЕД
ако јадете сладолед - вардете се од лажните пријатели.

СЛАМА
беда; запалена слама - залудно ги трошите парите; млатење слама - за доброто дело ќе ви бидат неблагодарни; собирање слама - ќе најдете нешто што сте го сметале за изгубено; спиење на слама - сиромаштија; нарамник слама - среќа и благосостојба; покрив од слама - опасност / некој ќе ви се заканува и вие ќе се исплашите.

СЛАМАРИЦА
ќе доживеете малку пријатности.

СЛАНИНА
или јадење со сланина - болест; ако сечете сланина - оздравување.

СЛАТКАР
ќе добиете љубовно писмо.

СЛАТКАРНИЦА
пријатна средба.

СЛАТКИ
љубовни авантури; ако јадете слатки - среќа; ако ги печете - roсти / залудно ro трошите времето; ако сечете слатки - внимавајте да не си ја упропастите среќата; ако купувате слатки - безгрижен живот; расипани слатки - неуспех.

СЛАТКО (ОД ОВОШЈЕ)
ситни расправии со пријателите.

СЛЕП ЧОВЕК
ако на сон сте слепи - ќе ви умре некој од семејството; ако видите слеп човек - ќе изгубите добар пријател; ако водите слеп човек - авантура на патување.

СЛИВА
расцветано дрво слива - веселба и безгрижен живот; плод слива - пријатно друштво; суви сливи - досада; ако јадете сливи - задоволство.

СЛИКА
добра женидба/мажачка; ако закачувате слика на ѕид - ќе добиете признание; ако купувате слика - ќе основате свој дом; ако искинете слика - бес поради неуспех; ако видите слика во огледало - болест; слика на познато лице - пријатно изненадување; своја слика - ќе доживеете неуспех поради својата гордост; непозната слика - неуспех, озборување.

СЛИКАЊЕ
ќе го смените љубовниот партнер.

СЛИКАР
среќа во љубовта, но неуспех во работата поради ваше невнимание; ако сте сликар - пријатно доживување.

СЛОН
среќа и успех во сите потфати, како во врска со работа, така и во љубовта; ако јавате на слон - углед и почитување; мртов слон - ќе ви пропадне некој план.

СЛОНОВА КОСКА
забоболка.

СЛУГА
финансиска добивка, удобност; ако на сон сте слуга - ве очекува тешка работа.

СЛУГИНКА
ќе се лутите поради нечие озборување.

СЛУЖБА
грижи; ако добиете служба - потрудете се да си ја остварите целта; ако ја изгубите службата - ќе доживеете неу спех во потфатот, а сами ќе бидете виновни за тоа.

СМЕА
ќе доживеете голема тага; ако сами се смеете - успех во работата и во љубовта; ако слушате туѓа смеа - непријатности, ќе бидете предмет на исмејување.

СМЕТКА
тоа ви е опомена дека живеете во беда; ако пишувате сметки - добра работа, купувачот нема да ги види вашите замки; ако расчистувате сметки - ви претстои тешка задача; ако добиете сметка - непријатно доживување; ако сметате нешто - бес поради финансиска загуба; ако нешто не може да се пресмета - очекуваната загуба нема да ви се оствари.

СМОКВА
успех во љубовта.

СМОЛА
грижа и жалост; смола што гори - болка и несреќа; ако се залепите со смола - со маки ќе дојдете до посакуваната цел.

СМОТРА
непријатно доживување.

СМРДЕА
ако на сон почувствувате смрдеа - во лошо друштво сте.

СМРЕКА
неуспех, загуба.

СМРЗНУВАЊЕ
неуспех, болест.

СМРТ
долг живот и многу деца.

СМРТНА КАЗНА
ако на сон ве осудат со смртна казна - голем успех.

СНАА
се уште не сте го стекнале заслуженото признание од својата околина.

СНЕГ
многу непријаности; ако паѓа - радост; снег на лат - жалост; ако паднете во снег - разочарување во љубовта; ако одите по снег - неизвесност; ако чистите снег со лопата - болест; длабок снег - непријатни спомени; многу снег - лажна љубов; ако се валкате по снег - препреки на патот до успехот; грутка снег - жалост; акојадете снег - непотребни напори; ако се топи снегот - доаѓаат подобри времиња; снег во лето - бескорисни потфати; снежна виулица - неволја.

СНЕШКО
неверство во љубовта.

СНОП
она што се случува со снопот на сон - вам ќе ви се случи на јаве.

СОБА
посета; офарбана соба со светли и топли бои - ќе имате причини да се гордеете; раскошна наместена соба - успех и углед; ако палите печка во соба - успешна работа.

СОБАРКА
чувајте се од лекоумност; ако е машко - некој внимава на вашите постапки.

СОБИР
ако видите собир, посебно на жени - ќе ве озборуваат.

СОБИРАЊЕ
многу труд, малку корист / ќе доживеете длабока старост.

СОБЛЕКУВАЊЕ
ќе се каете поради некоја непромислена постапка.

СОБОРУВАЊЕ
ако на сон соборите некого - откажете се од неостварливите планови.

СОБРАНИЕ
углед и почитување; ако се наоѓате во собрание - штета.

СОВЕТ
ако давате совет - ве очекува голема одговорност; ако примате совет - нема да се снајдете во некои проблематични ситуации.

СОВЕТНИК
успешно ќе завршите некоја важна работа.

СОЖАЛУВАЊЕ
ако чувствувате сожалување спрема некого - ве очекува среќа.

СОЈА
тешка работа, малку корист.

СОК
ако пиете сок - задоволство; ако давате сок на болен - ќе се допаднете некому; ако цедите сок - успех во определен потфат.

СОКОЛ
ако лета - некој ќе ве излаже.

СОЛ
ве очекува многу убава иднина; истурена сол - грижи и тага; акојарастурате - караници; акојајадете - непријатности.

СОЛАНА
ведра иднина.

СОЛЕНКА
ќе се покаете поради некои свои постапки.

СОЛЗИ
неочекувана радост.

СОМ
немојте да мислите дека ќе ја искористите туѓата глупост, ќе ве надиграат.

СОМНЕВАЊЕ
ако на сон се сомневате во некого - озборување.

СОН
ако сонувате дека сонувате - имате лажни надежи.

СОНЦЕ
блескаво сонце - среќа во работата, победа; темно сонце - лош исход во работата; изгрејсонце - поволни вести; румено сонце - војна или караница со родителите; смрачување на сонцето - минлива болест.

СОНЧЕВИ ЗРАЦИ
пријатно откритие.

СОНЧЕВИ ПЕГИ (НА ЛИЦЕ)
вардете се од лаги.

СОНЧОГЛЕД
љубовта нема да ви биде возвратена.

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА
ако доживеете сообраќајна несреќа - ве очекува голема добивка во работата што сте ја започнале; ако видите сообраќајна несреќа - среќата ќе ве заобиколи.

СОПАТНИК/СОПАТНИЧКА
караници во домот.

СОПЕРНИК
ако сонувате некој од вашите соперници - ќе ве озборуваат.

СОПНУВАЊЕ
ќе направите грешка која ќе ви донесе големи непријатности.

СОПРУГ/СОПРУГА
разочарување.

СОС
ако јадете сос - неволји, грижи.

СОСЕД
некој од вашата околина шири лоши гласови за вас.

СОСЛУШУВАЊЕ
ако на сон сослушувате некого - ќе фатите крадец; ако вас ве сослушуваат - не сакајќи ќе ги откриете своите тајни.

СПАЛНА СОБА
наскоро ве очекува љубовна средба; ако сте во спална соба - неверство; ако излегувате од спална соба - разочарува- ње во љубовта.

СПАНАЌ
здравје, долг и среќен живот.

СПАСУВАЊЕ
ќе се разболите.

СПИЕЊЕ
под ведро небо - далечно патување; ако гледате други како спијат - неизвесна ситуација; ако спиете одејќи - непријатности; ако спиете во кревет - среќа и благосостојба.

СПИСОК
ако видите список - ве очекува замрсена ситуација; ако составувате список - нема да остварите некои од своите планови.

СПЛАВ
некоја работа ќе заврши успешно.

СПЛЕТКА
ако сте замешани во некоја сплетка - не ве ценат, поради вашето однесување.

СПОМЕНАР
ако пишувате споменар - радост и пријатни сеќавања на минатото.

СПОМЕНИК
залудно ги трошите своите сили; ако видите свој споменик - ќе ви укажат чест.

СПОРТСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ
ако гледате - лекомисленоста ќе ви донесе големи неволји; ако учествувате во спортски натпревар - нема да бидете задоволни од она што го имате.

СПРЕГА
коњи - среќа; магариња - ќе бидете во будалесто друштво.

СРАМЕН СТОЛБ
ако се наоѓате на срамен столб - озборување; ако видите некого на срамен столб - победа над противниците.

СРАМЕЊЕ
ако на сон се срамите - ќе склопите добра работа.

СРАМОТА
ако доживеете некаква срамота - веројатно со нешто сте ја оптовариле совеста.

СРЕБРЕНИ САДОВИ
благосостојба; ако наследите или добиете сребрени садови - заслугите ќе ви бидат признати; ако носите сребрени садови - ќе прифатите некоја одговорна должност; ако продавате сребрени садови - ќе се занимавате со работа која ќе ви донесе мнгу корист; ако поставувате сребрени садови на маса - ќе бидете поканети на некоја свеченост.

СРЕБРО
среќа, посебно во љубовта.

СРЕЌА
ако на сон сте среќни - загуба.

СРНА
некое драго лице ќе ве напушти; печено месо од срна - ќе имате угледни гости.

СРП
ако продавате срп - ќе ги совладате непријателите; ако држите срп во раката - чувајте се од непријателите; ако острите срп - добра работа.

СРТ
ве очекува далечно патување, но подгответе се и на опасности.

СРЦЕ
ќе ве растажи некој кој ви е драr, срце што крвави - болест, навреда; рането срце - грижи разделба со љубовниот партнер; извадено срце од гради - разделба со некое драго лице.

СТАДО
ако пасе - среќен живот; ако чувате стадо - само со штедливост ќе дојдете до благосостојба; ако се наоѓате меѓу стадо - внимавајте да не избрзате во некоја работа.

СТАКЛО
ако видите или ако скршите стакло - парична добивка; ако видите искршено стакло - грижи.

СТАН
венчавање; голем и убав стан - успех; сиромашно уреден стан - неуспех; ако изнајмувате стан - непријатности; ако го напуштате станот - паричен трошок; ако се вселувате во нов стан - веселба.

CTAHAPИНА
ако на сон некому плаќате станарина - деловен неуспех.

СТАНИЦА
патување / некои промени во животот.

СТАНУВАЊЕ
од кревет или од столица - за болни оздравување, за здрави успех.

СТАОРЕЦ
лаги, болест; ако ловите стаорец - ќе ве опљачкаат; многу стаорци - немаштија; ако убивате стаорци - победа над противниците и благосостојба.

СТАП
далечно, а можеби и досадно патување / надежите нема да ви се исполнат.

СТАПИЦА
вардете се од скриените непријатели / некој ќе ве напушти во последен момент; ако паднете во стапица - ќе ве напуштат пријателите; ако некому поставувате стапица - кавга / лошо однесување.

СТАРЕЦ
ви треба добар совет / смрт.

СТАРИЦА
стара жена на сон носи несреќа и бес.

СТАРОСТ
ако се видите себе си на сон како постар човек - неочекувана чест и углед.

СТЕБЛО
наследство; расцветано стебло - голема среќа во блиска иднина; исушено стебло - неуспех, поради сопствената лекомисленост; паднато стебло - штета; ако тресете стебло - задоволство; стебло со густа крошна - голема добивка; стебло без крошна - загуба; ако седите на стебло - ќе добиете власт и чест; ако паднете од стебло - непријатности; ако седите под стебло - добри вести.

СТЕНИЦА
ќе доживеете насилство; ако видите стеница како лази - непријатности; ако ловите стеница - непријатности; ако ве касне - добивка / некој ќе се однесува неубаво кон вас.

СТЕПА
голема беда; ако одите по степа - опасност од разбојници.

СТИСКАЊЕ
ако на сон стискате некого или нешто - чувајте ги своите тајни.

СТИХОВИ
ако составувате стихови - невозвратена љубов; ако читате стихови - премногу сте задоволни од себе си.

СТОКА
несреќа; многу стока - загуба; ако пасе - караница; ако рика стоката - голема несреќа; храна за стока - добивка.

СТОЛ
скршен стол - кавга; скапоцен стол - некому му завидувате; празен стол - зголемување на платата; ако седите на стол - залудни надежи.

СТОЛАР
успех во сите подрачја.

СТОЛАРИЈА
ќе најдете добра работа.

СТОЛБ
благосостојба; ако се руши - непријатности, болест.

СТОМАК
дебел стомак - голема добивка; слаб стомак - немир, кавга; празен стомак - загуба и грижи.

СТРАВ
некој човек на кој сте му верувале направил нешто лошо.

СТРАЖА
тегови и непријатности; ако сретнете стражар - непријатности; ако сте на стража - ве гризе совеста поради нешто.

СТРАЖАРНИЦА
ќе стекнете корисно познанство.

СТРАНЕЦ
неочекуван подарок.

СТРАШИЛО (ЗА ПТИЦИ)
ќе чуете некоја непријатна вест / ќе наседнете поради сопствената лекоумност.

СТРВ
корист на чесен начин, добивка.

СТРВНИК
непријатности и големи судири со околината.

СТРЕЛА
вести, новости.

СТРЕЛИШТЕ
доаѓаат бурни времиња.

СТРЕЛКА (ОД ЧАСОВНИК)
делувајте пред да биде доцна.

СТРУЖЕЊЕ
ако на сон стружете нешто - успех, благодарение на вашата умешност.

СТРУНИ (ЖИЦИ)
ако чуете струни - жалост.

СТРШЕН
немирен живот; ако ве касне - одите директно во несреќа.

СТУДЕНО
бидете внимателни во своите потфати.

СУД
непријатности, караници; ако ве осудат - загуба.

СУДИЈА
непотребни непријатности и кавги.

СУДСКИ СПОР
вардете се од пријателите, би можеле да се претворат во непријатели.

СУЛФУР
среќно ќе се извлечете од некоја опасност.

СУНЃЕР
ќе ве искористат; ако барате сунѓер - наследство.

СУПА
пријатно доживување, вљубените ќе се венчаат; врела супа - опасна, но корисна работа; ако истурите супа - изгубена заработувачка; супа во која има вино - болежливост.

СУША
добри временски услови / радост во домот.

СФИНГА
некоја тајна ќе биде разоткриена.

СЦЕНА
ако се наоѓате на сцена - луѓето од вашата околина не ви ја зборуваат вистината.



на почеток






Privacy Policy | Почетна | Соновник | Хороскоп | 360 Дуќан | Коментари | Контакт
© 2006 - 2013 Сите права се задржани 360Macedonia.com
Design & Hosting - nakka.ca