|
|
|
ВАГА
Работа со суд, добивка, неизвесност.
ВАГОН
Нема потполно да успеете; ако паднете од вагон - излез од неизвесноста.
ВАЗНА
Весело изненадување; ако ја правите – ке бидете наградени; ако ја добиете како подарок - деловен успех; ако скршите вазна - бес.
ВАЛЈАК
После некои непријатности следува задоволство.
ВАЛЦЕР
Ако играте валцер - љубовна изјава; ако гледате како други играат валцер - невозвратена љубов.
ВАМПИР
Некој непријател ве лаже; ако ве дави - болест, незадоволство.
ВАНИЛА
Ќе стигнете во високо друштво.
ВАРИВО
Со штедење ќе постигнете благосостојба.
ВДОВЕЦ/ВДОВИЦА
Пријатно познанство; успех на работа и добри вести; ако се сонувате како вдовец/вдовица - радувајте му се на она што ве очекува.
ВЕДРО
Ведро полно, добивка; ведро со вино - радост; празно ведро - кавга и нецријателство или ќе бидете ограбени и ќе знаете кој е крадецот.
ВЕЃИ
Радост и задоволство; густи веѓи, имаш моќен заштитник; ретки веѓи и убави, забава и радост.
ВЕЗ
Ако на сон везете или видите вез - ќе бидете награден.
ВЕЛОСИПЕД
Домашна кавга.
ВЕНЕЦ
Венец зелен, свадба; венец црвен, љубов; ако плетете венец - радосна иднина; ако носите венец на нечиј гроб - неисполнети надежи / наследство; ако носите венец на глава - клеветење; венец од цвеќе - љубовни грижи; златен венец - ве очекува у6ав живот; ако девојка сонува венец - има верна љубов.
ВЕНТИЛ
Ќе се ослободите од некои непријатности.
ВЕНЧАВАЊЕ
Среќа во бракот.
ВЕПАР
Ако трча - ќе избегнете некоја опасност; ако убиете вепар - ви претстои опасна авантура; ако уловите вепар - радост.
ВЕРВЕРИЦА
Среќа; ако ја гледате како јаде - среќа во семејниот круг; ако ве гризне - зло.
ВЕРГЛ
Досадно друштво; ако вие свирите на вергл - ве очекува пријатно познанство.
ВЕРМУТ
Грижи.
BEPHИК
Некои пречки ќе бидат преминати.
ВЕСЕЛБА
Весело друштво, препреки; ако си весел, неправди.
ВЕСЛАЊЕ
Работа без признание.
ВЕСЛО
Кратко патување, радост.
ВЕСНИЦИ
Ако читате весници - ќе чуете добри вести; .
ВЕСТИ
Ако слушнете вести - болест.
ВЕТАР
Голема кавга; ако те носи, биди постојан; ако слушаш ветар, некој те лаже; ако ви дува од грб - добри пријатели; ако ви дува во лице - несреќен случај; ако се борите против силен ветар - успех, благодарение на упорноста.
ВЕТЕРНИЦА
Ако врти - успех во работата; ако стои - работите бавно се одвиваат.
ВЕЧЕРА
Среќа и благосостојба; богата вечера - не подлегнувајте им на страстите; сиромашна вечера - се дружите со луѓе кои ве чинат многу; ако ве канат на вечера - не работите чесно; ако вечерате во друштво - среќа во работата; ако гледате како други вечераат - сменете го начинот на живеење.
ВЕШТИЦА
Ако се сонувате како вештица, штета; ако таа не ве види, успех.
ВИДРА
Околу тебе се итри непријатели.
ВИКАЊЕ
Ако чуете викање - благословени сте. Сплетки во друштвото.
ВИЛА
Ненедејна среќа.
ВИЛУШКА
Ве опкружуваат не добро намерни пријатели.
ВИНАРСКИ ПОДРУМ
Минливи тешкотии.
ВИНО
Ако пиеш вино, другите ве искиристуваат; вино да тече како река, богатство; ако е истурено - ќе ве следи среќа; ако истурате вино - кавга; бело вино -злонамерни пријатели ; црно вино - убава иднина; матно вино - грижи; ако видите вино во чаша - несигурна иднина.
ВИНОВА ЛОЗА
Не се мешајте во туѓите работи/добро здравје; ако ја садите - напредок; ако ја режете - задоволство и мир во семејството.
ВИНОЖИТО
Среќа; ако ви е над глава - ќе средите некои имотни прашања.
ВИНСКА БОЧВА
Гости; полна, задоволство; празна, тешкотии .
,
ВИНСКА ЧАША
Добра вест; ако ја скршите - нечија смрт.
ВИНСКИ ОЦЕТ
Кавга.
ВИНТ
Ќе бидете прекорени од некого.
ВИОЛИНА
Ако свирите на виолина, пријатни моменти во фамилијата; ако слушате како некој свири - ќе бидете поканети во пријатно друштво.
ВИСТИНА
Ако чуете како некој ви ја кажува вистината - ќе мора нешто да признаете; ако вие зборувате вистина - непријатности.
ВИТЕЗ
Љубовна понуда; ќе се ослободите од некои долги договарања.
ВИУЛИЦА
Грижи.
ВИШНА
Ако јадете вишни, грижи; плод - незадоволство; ако берете вишни - добиток.
ВЛАСТ
Ако вие имате власт, неприлики во работата; ако имате работа со власта - ќе се смирите со непријателите.
ВЛЕЗ
Ако не можете да го најдете - неуспех.
ВЛЕКАЧ
Промена на местото на живеење; потфатот ќе ви пропадне поради предавство и лаги.
ВЛЕЧКИ
Некој желно ве очекува; ако вие ги носите, ќе ви се исполни некоја желба.
ВЉУБЕН ПАР
Размислете за своите одлуки; ќе уживате во тајни задоволства.
ВЉУБУВАЊЕ
Ако се вљубите, напредок.
ВНУК
Благосостојба.
ВОДА
Вода да тече, ве лажат; ако пиете вода, ќе западнете во тешкотии; бистра вода, здравје; матна вода - зло, пазете се од сомнителни работи; топла вода - несреќен случај или болест; ладна вода, радост; ако се бањате во матна вода - загу6а на некое драго лице; ако истурате вода - се лажете самите себеси; ако скокнете или паднете во вода - ќе ве прогонуваат; мирна вода - жалост; жуборење на вода - задоволство и среќа; ако давате некому вода - верно пријателство; длабока вода - опасност.
ВОДЕНИЦА
Оговарање; ако поседувате воденица - богатство.
ВОДЕНИЧАР
Избегавај весели друштва.
ВОДЕНИЧКИ КАМЕН
Несреќа.
ВОДОВОД
Добиток.
ВОДОПАД
Радост.
ВОДОСКОК
Исполнување на желбите, веселба.
ВОЕНА ПАРАДА
Големи грижи.
ВОЗ
Патување; ако возот стои - ќе избегнете некоја несреќа; брз воз - голема промена.
ВОЗБУДУВАЊЕ
Ќе ви се исполни некоја желба.
ВОЗДИШКА
Ако воздивнувате - неостварени желби; ако чуете како други воздивнуваат - некој чезнее по вас.
ВОЗЕН РЕД
Патување.
ВОЗЕЊЕ
Ако се возите во кола - внимавајте ве искористуваат; ако се возите во свечена, у6ава кола или пајтон - унапредување; ако се превртите при возење - непријатно доживување.
ВОЗНА КАРТА
Патување.
ВОЈВОДА
Пазете се од сомнителни пријатели.
ВОЈНА
Кавга.
ВОЈНИК
Ако сте војник - ти претстои опасност; ако видите убаво облечен војник - чест.
ВОЈСКА
Радосен настан; ако гледаш војска - кавга.
ВОСЈКОВОДЕЦ
Углед и чест; ако се сонувате како војсководец - успешна работа.
ВОЛ
Ќе живеете во мир и изобилство; многу волови, женидба; волови дебели, добро; слаб вол, зло; ако пасе - радост; впрегнати волови - среќа во бракот и љубовта; ако колете вол - несреќа; ако се тепаат волови - опасност.
ВОЛК
Добра работа; ако волкот завива - непријатности; ако ве гони - непријател; ако го совладате волкот - победа над непријателите; ако убиете волк, лицемерен подарок; стапица за волк - штета.
ВОЛНА
Сплетки и лаги; ако купувате или продавате волна, успех во трговијата; ако чешлате волна - ве опкружуваат лоши луѓе.
ВОЛНЕНА ОБЛЕКА
Благосостојба; ако носите волнена облека - голема добивка; ако ја видите на друг - неуспех во некој потфат.
ВОСКРЕСНУВАЊЕ
Ќе бидеш спасен од голема несреќа.
ВОСОК
Жолт восок - лага; ако се топи - штета.
ВОСОЧНА ФИГУРА
Ќе бидете во друштво со досадни луѓе.
ВОШКА
Добивка; ако видите вошки на друг - успех; ако ги убивате вошките - пари, добивка; многу големи вошки - благосостојба.
ВРАМУВАЊЕ
Врамување на слика - разумно располагајте со своите пари.
ВРАНА
Ќе се замериш со претпоставените; ако фатите врана, жалост.
ВРАПЧЕ
Озборување; радост; ако гледате како летаат - празни ветувања; ако ловите врапци - неочекувана средба; големо јато врапци - пазете се од озборувања; врапци на покрив - ќе ве исмејат.
ВРАТ
Ако го миете вратот - здравје, радост; отечен врат - успех и добивка; дебел врат - благосостојба; долг и слаб, болест.
ВРАТА
Пријателство; отворена врата - добар глас, гости; ако со тешкотии ја отворате вратата - другите не ве сваќаат; затворена врата - разочарување; скршена врата - пазете се од крадци.
ВРАТАР
Озборување.
ВРАТИЛО
Ако вежбате на вратило - опасност, потребна ви е помош.
ВРАЌАЊЕ
Враќање од некаде - изнанадување.
ВРБА
Среќа; ако сечете гранки од врба - несреќа,болка.
ВРВКА
Сплетки, озборувања; златна врвка, чувај си го имотот; врвка околу тело - незадоволство; зелена врвка - надеж; црвена врвка - радост, задоволство; жолта врвка - бес; плава врвка - верна љубов; црна врвка - грижи; бескрајна врвка - долгови.
ВРЕТЕНО
Успех; свадба.
ВРЕЌА
Многу вреќи, не расфрлај ги парите непотребно; полна вреќа - напредок; празна вреќа, штета; вреќа полна со овошје - загу6а; искината или дупната вреќа - голема загуба; ако носите тешка вреќа - мачен живот.
BPИЕЊE
Ако гледате како нешто врие - добивка во игрите на среќа.
ВРТОГЛАВИЦА
Радосен настан.
ВРШИДБА
Богатство; ако гледате вршидба - деловен успех; ако помагате при вршидба - вашиот труд на крај ќе се исплати.
ВТОРНИК
Среќна иднина.
ВУЈКО
Среќен настан во семејството.
ВУЛКАН
Жив вулкан - радосно изненадување; згаснат вулкан - непријатности, ненадеен губиток.
на почеток
|
|
|