|
|
|
ЧАВКА
ако ја чуете - ќе изгубите углед; ако ја видите да лета - среќна иднина.
ЧАД
не бидете наивни, некој сака да ве посрамоти; ако чадот се крева право нагоре - тешкотиите брзо ќе ги снема; ако ветар го дува чадот на лево - тешкотиите се несовладливи; ако ветар го дува чадот на десно - ќе биде тешко, но сепак ќе се решат проблемите; куќа полна со чад - имате непријатели; црн чад - несреќа; бел чад - чест; ако чадот ве пече на очи - непријатно доживување.
ЧАДОР
ќе најдете помош во неволја; отворен чадор - добро размислете за своите постапки, бидејќи после ништо нема да може да се поправи; отворен чадор во затоврена просторија - несреќа; влажен чадор - пропаднатаљубов; чадор што не може да се отвори - големи незгоди; свилен чадор - ќе стекнете углед; искинат чадор - не тргнувајте од околу, ќе настрадате; чадор за сонце - ќе наидете на разбирање и помош.
ЧАЈ
ако пиете чај - ќе бидете во пријатно друштво; ако пиете лековит чај - болест.
ЧАКАЛ (ВИД ПЕСОК)
колку повеќе чакал, толку повеќе пари и задоволства.
ЧАМЕЦ
ќе ви се остварат плановите; ако се возите во чамец - ќе ви се исполни некоја голема желба (ако се работи за патување или преземен ризик се ќе заврши среќно); натоварен чамец - немаштија; чамец во кој влегува вода - болест; ако паднете од чамец во вода - парична загуба; чамец во олуја - добар крај; чамец што тоне - прекин на љубовна врска.
ЧАПЈА
бидете внимателни; ако на сон убиете чапја - ќе изгубите нечие пријателство; чапја со скршено крило - на вашите пријатели нема да им успеат сплетките; ако ловите чапји - патување; ако јадете месо од чајпа - неочекувано богатство.
ЧАРШАФ
болест.
ЧАСОВНИК
не ја заборавајте важната работа која ве чека; ако чука - сетете се времето е пари; златен часовник - ви се заканува опасност да ве ограбат; ако на сон навивате часовник - наскоро ќе имате љубовна средба; часовник што застанал - смрт на некој познаник, но кој не е покрај вас; рачен часовник - користете си го времето подобро.
ЧАСОВНИЧАР
ви претстои деликатна задача.
ЧАТАЛ
непријатности.
ЧАША
венчавање; скршена чаша - среќен настан; чаша со вода - добро здравје; чаша со вино - веселба; празна чаша - разочарување; ако полните чаша со која било тешност - ќе изгубите некој пријател; чаша полна со течност (освен вода и вино) - некој желно ве очекува; златна чаша - деловен успех; ако скршите чаша - опасност, смрт.
ЧЕВЕЛ
незгоден пат; облекување чевли - пријатен настан; тесни чевли - незгоди; нови чевли - љубовна средба; искинати чевли - незгоди во блиска иднина; ако на сон купувате чевли - ќе сретнете нова љубов; ако некому подарувате чевли - ќе ви се освети вашата невнимателност спрема околината; ако правите чевли - парична загуба; црвени чевли - возвратена љубов; бели чевли - скора свадба.
ЧЕВЛАР
досаден гостин.
ЧЕК
ако исплатувате чек - деловен успех; ако потпишувате чек - лекомисленоста ќе ви нанесе штета; ако не можете да исплатите чек - ќе западнете во долгови.
ЧЕКАЛНИЦА
ќе ви се исполнат љубовните желби.
ЧЕКАН
во своите потфати употребете повеќе памет; ако удирате со чекан - ако употребите суровост во своите постапки се ќе се сврти против вас; ако на сон работите со чекан - најаве сте во право, но ќе мора да се борите ако сакате да победите; ако гледате како некој работи со чекан - ќе си ги решите сите тешкотии; голем чекан - добро ќе ја завршите започнатата работа.
ЧЕКАЊЕ
ако чекате некого - пријатни вести.
ЧЕЛИК
кавга, немир и незадоволство.
ЧЕМПРЕС (КИПАРИС)
ако го видите - тага; ако го одгледувате - ќе претрпите штета поради својата невнимателност.
ЧЕП
ќе исправите некоја грешка.
ЧЕПКАЛКА ЗА ЗАБИ
кавги во семејството.
ЧЕРЕП
успешен потфат; скршен череп - грижи.
ЧЕСТЕЊЕ
ако на сон ве честат - на јаве ве озборуваат зад грб.
ЧЕТВРТОК
пријатна иднина.
ЧЕТКА
ќе ве озборуваат; ако четкате одело - ќе предизвикате не-
кои непријатности; четкање коса - гости; ако на сон ја изгубите четката - среќа.
ЧЕТКА ЗА ЗАБИ
средете си ја ситуацијата.
ЧЕШЕЛ
кавги во семејството; скршен чешел - жестока кавга.
ЧЕШЛАЊЕ
среќен потфат; чешлање коса - пријатна средба; чешлање замрсена коса - ќе чуете лоши вести; чешлање брада
или мустаќи - свадба; ако чешлате животно - ќе направите добро дело.
ЧЕШМА
среќен брак; ако пиете од чешма - ќе добиете признание, добивка.
ЧИЗМА
ако соблекувате чизми - имате искрена околина; ако облекувате чизми - среќа во љубовта; нови чизми - среќа; стари чизми - беда; валкани чизми - озборување.
ЧИНИЈА
покана за свеченост; ако скршите чинија - жалост и грижи; празна чинија - неочекувана кавга.
ЧИНОВНИК
некој ќе ви се меша во работата; разговор со чиновник - ќе добиете некаква покана; ако се сонувате како чиновник - ќе ги осрамотите свите противници.
ЧИР
на нозе или раце - успех во работата; чир на грб - победа над противниците.
ЧИСТЕЊЕ
ако на сон чистите нешто - добивка, убав подарок.
ЧИТАЊЕ
читање писмо или ракопис - добивка; ако читате весници - успех во животот; ако читате книги - потрудете се уште многу да научите за да имате корист во животот; ако некому нешто му читате - ќе ги израдувате пријателите.
ЧОКОЛАДА
ако подарувате некому чоколада - внимавајте да не потрошите повеќе отколку што имате; ако добиете чоколада - имате верни пријатели; ако јадете чоколада - ненадејна љубовна средба.
ЧОРАПИ
грижи, болест; ако плетете чорапи - корист од работата; ако купувате чорапи - грижи; ако ги облекувате или ги соблекувате - минливи тешкотии.
ЧУВАЊЕ
ако на сон нешто чувате - пазете се од крадци.
ЧУДО
ако на сон видите некое чудо - на јаве ќе се разочарате.
ЧУДОВИШТЕ
сиромаштија.
ЧУКАЊЕ
ако чуете чукање - пријатна вест; ако чукате - вознемирувачки новости; силно чукање - непријатности.
ЧУМА
доаѓаат тешки времиња.
на почеток
|
|
|