|
|
|
ФАБРИКА
непредвидена заработувачка; ако поседувате фабрика - грижи.
ФАГОТ
некој ќе ви досадува.
ФАЗАН
здравје, добивка / ненадејно венчавање.
ФАКЕЛ
ако гори - среќа; изгаснат факел - ќе чуете за нечија смрт / несреќа; ако носите факел - ќе ви биде возвратена љубовта / ве очекува важна работа; ако на сон видите многу запалени факели - ќе доживеете почести.
ФАКУЛТЕТ
ако сонувате дека студирате некој факултет - ќе се најде те во лошо друштво.
ФАЛЕЊЕ
ако на сон се фалите - на јаве ќе ви се смејат.
ФАЛСИФИКАТ
срамота; ако нешто фалсификувате - брачно неверство.
ФАНАТИК
сменете ја околината во која се движите.
ФАНФАРИ
важни вести, ве очекува возбудлив настан.
ФЕВРУАРИ
ви претстои пријатен настан.
ФЕНЕР
пазете се од тајни непријатели.
ФЕС
ќе имате заработувачка во странство; стар фес - немаштија; нов фес - жалост.
ФИГУРА
ќе добиете подарок.
ФИЛМ
послушајте совет во врска со новиот потфат за кој се подготвувате.
ФИЛОЗОФ
губите време на неважни работи; ако сте филозоф - ќе бидете изложени на срам.
ФИОКА
ако отворате фиока - ќе најдете добра работа; ако затворате фиока - излгедите не се поволни.
ФИРМА
фирма на гостилница - ќе склопите лош договор; фирма на дуќан - поволно време за работа.
ФИТИЉ
ќе претрпите штета.
ФИШЕК
бес.
ФЛАСТЕР
повреда.
ФЛЕЈТА
разочарување.
ФЛЕКА
непријатно изненадување; флека на облека - грижи, вонредни давачки; ако ја исчистите - ќе се спасите од неволји.
ФЛОТА
флота во акција - веселба; победена флота - голема несреќа.
ФОСФОР
некој ќе ве излаже.
ФОТЕЛЈА
углед и почести, а може да значи и болест; ако седите на фотелја - имате нескромни желби; ако се скрши фотелјата - премногу се надевате; стара, излижана фотелја - лоша болест.
ФОТОГРАФ
венчавање / ќе бидете поканети на некоја голема свеченост или ќе посетите некое важно место.
ФОТОГРАФИЈА
ќе сретнете некого што долго не сте го виделе.
ФОТОГРАФИРАЊЕ
ве очекува непријатно изненадување.
ФРАК
ќе бидете поканети на забава.
ФРАНЦУЗИН/ФРАНЦУЗИНКА
превртлива љубов.
ФРАТАР
смртен случај - средба со фратар - ве чека олеснување во врска со непријатностите кои ги имате; ако сте вие фратар - ќе добиете некоја повисока функција.
ФРИЖИДЕР
полн фрижидер - јадете поумерено; празен фрижидер - не трошете го времето залудно.
ФРИЗЕР
ќе доживеете некои промени (за жени позитивни, за мажи неповолни).
ФУДБАЛ
лекомисленоста може да ве чини многу.
ФУСТАН
прошетка; ако носите убав фустан - ситуацијата во која се наоѓате ќе се среди; шарен фустан - ќе направите некоја глупост; фустан извезен со злато - чест и среќа; ако купувате фустан - гости / смирување со непријателите; нов фустан - нова љубов; валкан фустан - лоши работи; црн фустан - ќе бидете натажени / смртен случај; искинат фустан - кавга; плав или зелен фустан - исполнување на некоја желба; жолт фустан - дволичност / љубомора; бел фустан - свадба; црвен фустан - лошотија; сив фустан - тешка работа; ако перете фустан - расипништво; прекраток фустан - слаба работа.
на почеток
|
|
|